декември 22, 2024

Францускиот дефанзивец Рафаел Варан на крајот на септември објави дека се повлекува од фудбалот на 31 година. Тој ја заврши својата успешна кариера по тешката повреда на коленото. Варан откри и дека ќе продолжи да игра фудбал, само што повеќе нема да игра професионално.

Варан ќе остане во Комо, но во поинаква улога која не ја дефинира целосно. Францускиот стопер се откажа поради чести повреди и здравствени проблеми.

„Кога се повредив на 11 јули, сфатив дека е готово. Фактот дека тоа беше моето лево колено беше знак. Моето лево колено мораше да го компензира десното од 2013 година, и благодарение на него успеав да најдам рамнотежа. Кога твоето лево колено ќе ти каже дека доста е да го носиш товарот, мора да го послушаш“.

Во текот на кариерата не сакал да зборува за споменатите проблеми: „Понекогаш си велев: „како ќе беше да играм со двете нозе…Сето тоа го сфаќам лесно, но поради овој проблем создадов еден вид уметност. Со години не практикував лизгачки стартови, го чекав вистинскиот момент за да влезам во дуел, кога да застанам или да забрзам или да почнам да трчам пред напаѓачот.

Немаше да успеам да не беше ова колено. Од мојата 20-та година играм така. Десното колено стана силно со текот на времето, но помалку подвижно, а моето лево колено правеше се што имаше врска со силата. Како играв со едно колено? Со многу напорна работа, пожртвуваност, грижа и учење како да се контролира рамнотежата“

Тој забележа 93 настапи за Франција од 2013 до 2022 година, имаше една од клучните улоги во походот на светската титула во Русија во 2018 година, четири години подоцна освои сребрен медал во Катар.

Варан ја започна својата клупска кариера во Ленс, пред да се приклучи на Реал Мадрид во 2011 година.

Тој играше 360 пати за „кралскиот клуб“ и освои три титули во Ла Лига и четири трофеи во Лигата на шампионите. На Манчестер јунајтед му се приклучи во 2021 година, забележа 95 настапи во сите натпреварувања за англискиот клуб. Со Јунајтед го освои Лига купот во 2023 година и ФА Купот во 2024 година, пред да се пресели во Комо во Серија А во јули, каде што доживеа повреда на коленото на неговото деби.

The post Варан: 11 години играв со едно колено appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK