Новиот селектор на Англија, Томас Тухел се надева дека ќе освои голема титула со „Гордиот Албион“.
На воведната прес-конференција по најавата дека токму Тухел ќе биде наследникот на Саутгејт, Германецот беше прашан дали ќе живее во Англија кога ќе стане селектор на 1 јануари.
„Сакам да живеам во Англија и со нетрпение очекувам повторно да живеам во Англија. Сакам да бидам блиску до Премиер лигата. Сакам да бидам блиску до повеќето играчи, но секако распоредот ќе ми овозможи да бидам блиску до семејството и децата во Германија. Но, да, поголемиот дел од времето ќе го минуван тука во Англија“, изјави Тухел и додаде:
„Ја сакам оваа земја, нејзиниот хумор, начинот на живот овде, односот на навивачите кон самата игра, како и она што го бараат од играчите. И како што многупати кажав, мислам дека тоа го обликува карактерот на играчите, како ја живеат својата професија, како пристапуваат кон тренинзите или тимскиот дух. Мислам дека е уникатен. Тоа беше уникатно искуство за мене (кога раководев со Челзи). Да можам повторно да го доживеам сето тоа е голема привилегија и јас сум многу горд, почестен и среќен што се вратив, сега во толку важна улога, уште подобро”.
На прашањето како сака да игра неговата Англија, 51-годишникот одоговори.
„Нашиот стил на игра мора да ни донесе резултати. Ги имаме најдобрите фудбалери од најдобрата лига, ја имаме најголемата конкуренција во светот. Имаме група млади и гладни за успех фудбалери. Очајни сме да освоиме трофеј. Ги имаме сите потребни состојки и мислам дека треба да се обидеме да го имплементираме тоа во нашиот стил на игра. Мислам дека треба да играме напаѓачки, да се обидеме да ја истакнеме физичката страна на фудбалот, бидејќи тоа е суштината на англискиот фудбал“.
Англија чека на голема титула од 1966 година.
The post Тухел: Ги имаме најдобрите фудбалери од најдобрата лига, ќе играме напаѓачки фудбал appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде