октомври 18, 2024

„Добивме понуда од 250 милиони евра за Ламин Јамал и ја одбивме“, изјави претседателот на Барселона, Џоан Лапорта како гостин во подкастот на клубот.

Неговата изјава ја пренесе новинарот Фабрицио Романо кој додаде дека понудата дошла од Париз пред почетокот на летниот преоден рок.

„Која треба да биде вредноста на Јамал, кој исто така го освои Европското првенство и стана еден од најпопуларните играчи во светот?“, праша Лапорта.

Доколку Барселона ја прифатеше таа понуда за Јамал, тој ќе станеше најскапиот играч во историјата на фудбалот.

Во моментов тој статус го има Нејмар, кога ПСЖ во 2017 година ја активираше откупната клаузула што му овозможи да ја напушти Барселона за 222 милиони евра.

Joan Laporta: “On est venu me voir pour acheter Lamine Yamal pour 250M€ et j’ai dit non”pic.twitter.com/JAPnna5FD3

— LigActu (@LigActu) October 17, 2024

The post Лапорта одбил 250 милиони евра за Јамал appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK