Повредите ја осакаија одбраната на Реал Мадрид. Клубот во втората четвртина оод сезоната ќе влезе значителни проблеми. Дани Карвахал поради тешка повреда ја заврши сезоната, Едер Милитао се уште е повреден, а не оди се според планот околу враќањето на Давид Алаба, кој е надвор од тимот од декември минатата година.
Повредите ќе го натераат Флорентино Перез да се активира во зимскиот преоден рок. Реал ќе се обиде да донсе дефанзивец, не како привремено решение или како замена, туку како засилување.
Шпанските медиуми пишуваат дека Реал во јануари ќе донесе десен бек. Еден од кандидатите е Андреа Камбијасо (24) од Јувентус.
Пред две години Јуве го купи од Џенова за 13 милиони евра и оттогаш неговата пазарна вредност е двојно зголемена. По една сезона на позајмица во Болоња, тој се врати во Јувентус минатото лето и оттогаш постигна четири гола и запиша седум асистенции на 48 натпревари
Неговата реакција на поврзувањето со Реал ги воодушеви навивачите на италијанскиот гигант: „Јуве е мојот Реал. Го продолжив договорот до 2029 година и сакам да останам овде што е можно подолго“.
The post Камбијасо: Јувентус е мојот Реал appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде