декември 22, 2024

Болидот на Ферари со кој Михаел Шумахер постигна голем успех е ставен на аукција и достигна екстремно висока цена.

Шумахер, кој седум пати ја освојуваше светската титула, исто како и Луис Хамилтон, беше возач на италијанскиот тим и со нив освои пет титули.

Болидот што Шумахер го возеше во неговата последна сезона за Ферари во 2006 година достигна неверојатна почетна цена од 11 милиони фунти.

Аукцијата се очекува официјално да започне на 14 ноември, а некои од најголемите колекционери во светот веќе се пријавиле за наддавање.

Инаку, Михаел Шумахер во таа минатата сезона победи на пет трки со ова возило.

Таа година го собори и рекордот на Аиртон Сена по бројот на пол-позиции (68), додека сегашниот рекорд е во сопственост на Луис Хамилтон (104).

The post Болидот на Шумахер од 2006 година ќе биде ставен на аукција во ноември appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK