октомври 19, 2024

Во текот на вчерашниот и денешниот ден полицијата апсеше на повеќе локации во државава при што приведени се 11 лица.

Вчера во 07.20 часот полициски службеници од Полициската станица Кочани го лишиле од слобода С.М.(25) од Кочани затоа што при извршен преглед над неговото патничко возило марка „БМВ 3“ со кочански регистарски ознаки, како и во неговиот дом – биле пронајдени и одземени марихуана и гранчиња од марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Вчера во 09.00 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода П.К.(47) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и нож. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.

Вчера во 13.00 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Вчера во 14.50 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена дробилка со остатоци од марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесоВ

Вчера во 19.50 часот во Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Вчера во 21.20 часот во Скопје, на подрачјето на Драчево, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Т.Н.(19) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени таблети и нож. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветени поднесоци.

Вчера во 21.25 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.А.(20) од село Визбегово, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Вчера во 22.45 часот во Скопје, на подрачјето на Драчево, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ја лишиле од слобода Е.К.(19) од Скопје затоа што кај неа била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Вчера во 22.50 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода М.К.(28) и Д.Д.(28) двајцата од Скопје затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја и дробилка. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.

Вчера во 23.40 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

The post Серија апсења на повеќе локации во Македонија – Приведени 11 лица appeared first on 24info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK