декември 22, 2024

Македонскиот репреентативец Елиф Елмас во осмото коло ги одигра првите минути во Бундес лигата оваа сезона. Досега Елмас играше само неколку минути во Лигата на шампионите против Атлетико во Мадрид.

Лајпциг забележа сугурна победа во Мајнц. „Биковите“ победата ја обезбедија во првото полувреме со головите на Симонс во 20. и Орбан во 37.минута.

Елмас на теренот влезе во 73.минута на местото на Вермерен.

Актуелниот шампион Баер Леверкузен со пресврт успеа да слави над Ајнтрахт. „Фармацевтиците“ можеа да поведат во деветтата минута, но ударот од пенал на Бонифејс успеа да го скроти Трап, по што стигна казна на другата страна бидејќи Омар Мармуш го претвори ударот од белата точка во гол во 16. минута.

Девет минути подоцна Баер израмни преку Роберт Андрих. За промашениот пенал на најдобар начин се искупи Бонифејс, со победничкиот гол во 72. минута.

Попладнево победи од 4:1 забележаа Фрајбирг над Аугсбург и Хофенхајм над Бохум, а со 3:2 Борусија во Менхенгладбах го победи Хандејхам.

The post (Видео) Елмас доби шанса во Бундес лигата, Лајпциг победи во Мајнц appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK