декември 22, 2024

Оновното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка против 44-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста предвидено во член 383 од Кривичниот законик.

На 18 октомври осомничениот, најпрво вербално со навреди и пцовки, а потоа и физички нападнал полициски службеник, барајќи објаснување зошто на неговиот син му бил издаден прекршочен платен налог за погрешно паркирање. По интервенција и на други полициски службеници, осомничениот бил совладан и приведен. Случајни минувачи го снимиле целиот настан, а снимката била објавена и на социјални мрежи.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гостивар достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

The post Нападнат полициски службеник во Гостивар поради казна за погрешно паркирање appeared first on 24info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK