На вчерашаната 27ма Седница, Владата на Република Северна Македонија донесе Одлука, Министерството за животна средина и просторно планирање да ги префрли средствата наменети за чистење на контаминираната локација во ОХИС на сметката на Мулти-партнерскиот фонд за животна средина, во висина од 24.453.000 денари.
Со ова, нашата држава ги исполнува обврските за обезбедување на средства на годишно ниво, согласно одлуката на Владата од 2013, на која се обврза дека со постепено одвојување на средства ќе го поддржи елиминирањето ка контаминираниот материјал од кругот на ОХИС.
Мулти-партнерскиот фонд за животна средина е фонд кој е формиран од страна на Владата на Република Северна Македонија со цел да се мобилизираат средства од повеќе извори за решавање на долгогодишниот проблем со историскиот отпад во кругот на ОХИС. За администрирање со средствата од овој фонд е задолжен УНОПС како имплементациона агенција која исто така има обврска да мобилизира дополнителни средства за комплетна ремедијација на малата депонија и изнаоѓање решенија за големата депонија, што е наведено во договорот за формирање на фондот помеѓу Владата на Република Северна Македонија и УНОПС.
До сега се спроведени активности за чистење на малата депонија распределени на ЛОТ 1, ЛОТ 2, ЛОТ 3 и ЛОТ 4, согласно процедурите од јавна набавка објавена од страна на УНИДО и УНОПС.
Активностите на ЛОТ 1 започнаа во септември 2021 година, на ЛОТ 2 во јуни 2022 година, на ЛОТ 3 во јуни 2023 година и ЛОТ 4 во март 2024 година. Собраниот високо концентриран HCH отпад е транспортиран и уништен во погоните на Треди во Франција додека почвата контаминирана со HCH се транспортира во постројката Индавер во Германија.
Досега се транспортирани и уништени 1.932,35 тони високо концентриран HCH отпад и 586,37 тони почва контаминирана со HCH.
За реализација на активностите се изработени Планови за ремедијација за секој поединечен ЛОТ, доставени од страна на компанијата „Polyeco” од Р. Грција, компанија кoja е избрана од страна на УНИДО и УНОПС преку постапка за јавна набавка.
Според досегашните испитувања, остануваат да се отстранат уште 300 тона високо концентриран HCH отпад и 1.500 тона почва контаминирана со HCH изомери.
The post Обезбедени дополнителни 24.435.000 денари за чистење на депонијата во ОХИС appeared first on 24info.mk.
Следете не, не има насекаде