Новите фотографии на поп-ѕвездата Мадона, на кои позира без градник додека јаде, го привлекоа вниманието на бројни корисници на социјалните мрежи кои нејзиното однесување го нарекоа одвратно, а многумина сметаат дека тоа е непримерно.
„Не знам како може да се нарече уметник. Ова е срамота“, „Страшно. Зошто моравме да го видиме ова?“, „Мислам дека е дојден моментот конечно да си признае дека е време да се повлече од јавниот живот“, се само дел од коментарите напишани неодамна под нејзините фотографии на „Инстаграм“.
Во интервју за „Гардијан“, пејачката објасни зошто не гледа никаков проблем со голотијата.
„Мислам дека порнографијата е збор кој имплицира некаква злоупотреба или објективизација. Патем, не мислам дека ‘Плејбој’ е порнографија. Не гледам ништо порнографско на фотографиите на голи жени”, рекла таа меѓу другото.
Инаку, таа неодамна започна врска со 37 години помладиот Аким Морис. Летово во Италија го прославија нејзиниот 66-ти роденден.
Иако нивната врска неодамна стана јавна, Мадона и Аким се познаваат веќе некое време. И двајцата учествуваа во снимањето за магазинот „Пејпер“ во 2022 година. Заедно го прославија и Денот на американската независност, напиша „Дејли Меил“.
The post Мадона позираше гола додека јаде, наиде на жестоки критики appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде