Премиерот Христијан Мицкоски денеска на одбележување на 23 октомври – денот на Македонската Револуционерна Борба истакна дека ова е ден кој треба да не потсетува, но и освестува дека ние сме минливи, но нашето дело и идеја се тоа кое треба да говори за нас.
„Делото на организацијата која ги носи историските свети букви ВМРО е дело кое денеска ни овозможи да имаме самостојна држава и своја самосвест. Никулците на македонската национална мисла создадени пред Илинденскиот период, делата и идејата на преродбениците, и енергијата на македонското граѓанство, ефектите од претходните востанија на разни делови на тогашната Македонија, кулминираа и се преточија во движечката сила на Македонската револуционерна Организација. Тоа беше силата втемелена во идејата за сопствена независна држава со свој идентитет и посебност. Македонската слобода не беше подарена на тацна, напротив. Македонската приказна е испишана со крв, солзи и непокор и затоа е вечна знаат да кажат тие кои ја познаваат историјата на организацијата. Таа не зависи од надворешни притисоци, влијанија, постапки на одродени политичари, предавства на поединци, туку таа идеја се храни и живее во секој жив кој за неа се бори на свој начин, во својата област, со своето знаење и со своите вештини, верба и надеж, онаму каде може и колку може, до последниот од нас, кој во себе ја носи идеја“, вели Мицкоски.
Следете не, не има насекаде