октомври 24, 2024

Феникс Санс славеа победа над Лос Анџелес Клиперс со 116:113 по едно продолжение. Со овој натпревар официјално беше отворена новата арена на Клиперси „Intuit Dome“. Клиперси претходните 25 години го делеа домаќинството со Лејкерси во арената „Cripto.com“.

Првиот, историски кош во новиот дом на Клиперси го постигна, Норман Пауел во 17. секунда од натпреварот.

Премиерата на новиот паркет беше возбудлива со оглед на драматичната завршница, во која Јусуф Нуркиќ погоди слободни фрлања со што им ја донесе победата на Санс.

Џејмс Харден со дабл-дабл учинок од 29 поени и 12 скока, беше најефикасен кај Клиперси и воопшто на натпреварот. Одличен меч одигра хрватскиот центар Ивица Зубац (21 поен, девет скока).

Феникс го предводеа Кевин Дурент со 25 поени и седум асистенции и Бредли Бил со 24 поени.

Во следниот натпревар Санс ќе играат против Лејкерс, додека Клиперс против Денвер Нагетс.

The post (Видео) Пораз на Клиперси на отворањето на новата арена appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK