декември 23, 2024

Британската актерка Ема Томпсон (65) доживеала непријатност кога излегувала од британска продавница за луксузна стока. Имено, папараците го снимиле моментот кога продавачот ја запрел на излезот и ја замолил да ја прегледа чантата што ја имала со себе.

Познатата актерка беше облечена во лежерна облека која вклучуваше темни панталони, темен џемпер и сива капа на главата, а околу половината врза јакна. На грбот имаше голем црн ранец.

Судејќи според фотографиите, Ема се засрамила, но сепак ја отворила и и ја покажала внатрешноста на чантата. На крајот учтиво ја поздрави продавачката и продолжи по патот. „Сан“ напиша дека продавачката не ја препознала и дека дури во еден момент ја следела низ продавницата, сомневајќи се дека сака да украде нешто.

Ема е англиска актерка, комичарка и сценарист, добитничка на два Оскари и Еми, Златен глобус и БАФТА.

The post Продавачката мислела дека познатата актерка е крадец: jа пребарала нејзината торба на излегување appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK