декември 23, 2024

Францускиот фудбалер на Лајпциг, Кастело Лукеба, го продолжи договорот до јуни 2029 година, соопшти германскиот клуб.

Лукеба (21) пристигна во Лајпциг во 2023 година од Лион. За германскиот клуб одигра 50 натпревари во сите натпреварувања.

Во 2023 година, Лукеба дебитираше за репрезентацијата на Франција, а со репрезентацијата на „триколорите“ освои сребрен медал на овогодинешните Олимписки игри.

„Трансферот во Лајпциг беше клучен за мене. Бргу се изборив за место во тимот. Лајпциг сега е моето второ семејство. Младите фудбалери овде имаат одлични услови за тренирање , а ние редовно играме против најдобрите клубови во светот, би сакал да им се заблагодарам на нашите одлични навивачи, кои не поддржуваат на секој натпревар“, изјави Лукеба, пренесува официјалниот сајт на клубот.

The post Францускиот репрезентативец го продолжи договорот со Лајпциг appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK