Вчера во 22.20 часот во село Габревци, општина Конче, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш го лишиле од слобода 32-годишниот И.А. од село Габревци. Тој се сомничи дека истиот ден извршил тешка кражба во помошен објект во село Скоруша, општина Конче, сопственост на 50-годишниот М.А. од село Лубница, извести МВР.
Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а И.А. бил задржан во Полициска станица Радовиш и за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш.
По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
The post Приведен крадец во Конче, одземеното вратено на сопственикот appeared first on 24info.mk.
Следете не, не има насекаде