декември 26, 2024

Холандскиот фудбалер Квинси Промес непречено ќе ја продолжи фудбалската кариера иако во татковината е осуден на седум и пол години затвор поради учество во шверц на дрога.

Среќна околност за Промес беше престојот во Русија во времето кога беше осуден, тој тогаш настапуваше за Спартак Москва, а поради прекинот на дипломатските односи меѓу двете земји Русија не го екстрадираше во Холандија.

Во меѓувреме, за време на престојот во Емиратите, во Дубаи, каде што Спартак беше на подготовки, Промес беше уапсен поради сообраќајна несреќа и потоа холандските власти побараа од ОАЕ да го екстрадираат за да ја издржи казната.

Сепак, бидејќи Емиратите немаат потпишан договор за екстрадиција со Холандија, Промес остана во Дубаи каде како што стојат работите наскоро би можел да заигра за второлигашот Дубаи.

Тој веќе го направи првиот чекор кон тоа со потпишувањето на договорот.

„Вчера Фудбалскиот сојуз го пријави Промес за нашиот клуб. Се надеваме дека ќе дебитира на натпреварот против Хата, но конечната одлука ќе ја донесе нашиот тренер. Посакуваме дебито на Квинси да се случи и се надеваме на деби гол“, изјави извршниот директор на Дубаи, Или Чебан.

Овој клуб веќе ја извести јавноста дека потпишал договор со холандскиот фудбалер.

Промес, во два мандати играше за Спартак Москва од 2014 до 2018 и од 2021 до 2024 година и постигна 114 гола на 235 натпревари.

The post Осудениот за шверц на дрога во Холандија Квинси Промес потпиша за друг клуб appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK