декември 25, 2024

Денеска бил уапсен 52-годишниот Г.Ц. од село Мала Речица, тетовско откако до полицијата стигнала дојава дека сакал да постави експлозив пред куќа во село Доброште.

Инцидентот се случил ноќва, во 03:20 часот, кога пријавителот, жител на тетовско село, слушнал како осомничениот пред неговата куќа разговара со друго лице за поставување на експлозив.

Од СВР Тетово известуваат дека во текот на истрагата, околу 10:15 часот, полициските служби пронашле две неексплодирани рачни бомби покрај локалниот пат во близина на куќата на пријавителот. Бомбите биле безбедно отстранети од страна на стручни лица.

Г.Ц. е задржан во полициска станица, а против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава. Истражните органи продолжуваат со документирање на случајот.

The post Драма во Тетово: Ги слушнал пред неговата куќа како се договараат да му постават експлозив appeared first on 24info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK