Напаѓачот на Реал Мадрид, Родриго ќе мора да паузира неколку недели.
Откако вчера клубот објави дека Бразилецот сигурно ќе го пропушти саботното „Ел Класико“, а денес Реал го објави степенот на повредата.
Родриго ќе отсуствува од три до четири недели, што значи дека нема да игра до крајот на ноемвриската репрезентативна пауза.
Покрај дуелот со Барселона, тој ќе ги пропушти и натпреварите со Валенсија, Милан во Лигата на шампионите и Осасуна.
Бразилецот повторно ќе биде достапен за еден месец, на 24 ноември кога Реал Мадрид гостува кај Леганес.
The post Реал без Родриго до крајот на ноември appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде