декември 24, 2024

„Поима немав дека, јас барем и сите други тврдам, дека тој бил некаков шеф на некаков клан и се решивме за првостепената пресуда на Основниот кривичен суд, односно нашиот предлог да биде идентичен со тој на првостепениот суд“, изјави за Телма Методија Каневчев, претседателот на Комисијата за помилување.

Телма објави дека Акиф Равманоски, помилуваниот припадник на нарко кланот „Барон“денеска излезе од Идризово со документот дека е помилуван, но обивнителството бара притвор за него поради истрага за убиство во обид, од пред 10 дена во Чаир.

Каневчев во изјава за Телма објаснува врз основа на што ја донела одлуката за негово помилување Комисијата за помилување. Тој вели дека најспорен е Акиф Равманоски, за чиј педлог за помилување се воделе од првостепената пресуда на Основниот кривичен суд Скопје, која била условна, но потоа била заменета со ефективен затвор од страна на Апелацискиот суд.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK