На 24.10.2024 во с. Горно Ботушје, општина Македонски Брод, со судска наредба, полициски службеници од ОВР Македонски Брод при СВР Битола извршиле претрес во домот на З.В.(55) во с.Горно Ботушје, при што пронашле и одзеле ловечка пушка и 35 патрони за пушката. Истиот ден, исто така со судска наредба, полициски службеници извршиле претрес и во домот на Н.Ц.(56) од с.Горно Ботушје, при што биле пронајдени и одземени ловечка пушка и 14 патрони за пушката, извести МВР.
По документирање на настаните, против лицата ќе следуваат соодветни пријави.
The post Претреси во Македонски Брод, пронајдено оружје и муниција appeared first on 24info.mk.
Следете не, не има насекаде