декември 24, 2024

На 24.10.2024 во 16.25 часот во СВР Куманово било пријавено дека на локалниот пат кон с.Горно Којнаре, кумановско, патничко возило „сузуки“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.П.(21) од с.Горно Којнаре, удрило во С.Ѓ.(77) од с.Матејче, липковско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.Ѓ. констатирани во Општата болница Куманово, по што била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде подоцна починала. Со телесни повреди се здобила С.П.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

The post Трагедија на локален пат – Загина жена откако во неа удрило возило appeared first on 24info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK