Вчера во ОВР Прилеп било пријавено дека на улицата „Орде Тутески” во Прилеп, товарно возило „фолксваген крафтер” со скопски регистарски ознаки, управувано од 38-годишниот П.А. од Скопје, удрило во пешакот, 64-годишниот Љ.П. од Прилеп.
Во несреќата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската болница Прилеп.
Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.
The post Уште една тешка сообраќајна несреќа во последните 24 часа: Прегазен пешак во Прилеп appeared first on 24info.mk.
Следете не, не има насекаде