Вчера во 15.20 часот во СВР Тетово, од страна на 80-годишниот А.И било пријавено дека во 2017 година без негово присуство Тетовскиот основен суд донел пресуда врз основ на лажно прикажување на факти и докази.
Од она што може да се види од пријавеното во судот биле поднесени лажни докази дека тој бил починат, а целата таа процедура била водена од адвокат кој поднел лажни докази – фалсификувано полномошно дека бил негов застапник и застапник на неговата ќерка.
Како што е пријавено, по донесувањето на пресудата со лажните докази Н.Ш. од истото село ја доставил пресудата во Агенција за катастар на недвижности – Тетово и неговиот имот бил префрлен на името на Н.Ш.. Од СВР Тетово преземаат мерки за расчистување на случајот.
The post Го пријавиле за починат за да му го земат имотот – лажна пресуда за жител на Тетово appeared first on 24info.mk.
Следете не, не има насекаде