април 20, 2024

Најдобриот португалски фудбалер Кристијано Роналдо сака во својот нов клуб Ал Наср да го донесе сонародникот и поранешен соиграч од Реал Мадрид, Пепе.

Како што објави шпанскиот весник „Марка“, намерата на Роналдо е саудискиот клуб да биде опкружен со некои од своите пријатели, меѓу кои е и Пепе.

Шпанскиот весник додава дека Роналдо за овој трансфер веќе разговарал со раководството на Ал Наср.

Пепе идниот месец ќе го прослави својот 40. Роденден, но на неодамнешното Светско првенство покажа дека и натаму е способен да игра врвен фудбал.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK