декември 24, 2024

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против жител на Мала Речица кој неовластено држел експлозивни материи кои на граѓаните им се забранети.

Две рачни бомби – кашикари ги снимил и фотографирал со својот мобилен телефон, како ги држи во рака. На телефонот имал и означена локација во селото Доброште.

Потоа се упатил со автомобил кон локацијата, но на влезот од селото селаните веднаш го забележале како сомнително непознато лице. За да не биде откриен, бомбите ги извадил и ги оставил покрај патот, па продолжил да вози. Меѓутоа, локални жители му го попречиле патот, го пријавиле во полиција, по што бил лишен од слобода.
Tv21

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK