декември 23, 2024

Денеска (26.10.2024) во 01.15 часот полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и граничен премин Богородица во близина на с.Богородица сопреле патничко возило „сеат алтеа” со косовски национални ознаки, управувано од З.М.(36) од Косово. При тоа, во возилото пронајдени се осум лица илегални мигранти, од кои седум од Сирија и едно лице од Египет.

Заедно со возилото „сеат алтеа” се движело и патничко возило „ауди” без регистарски таблици, кое не застанало на дадениот знак од полициските службеници, туку се оддалечило од местото на настанот, а по кратко време од него излегле осум лица илегални мигранти, од кои шест од Кувајт и двајца од Сирија, а возачот се дал во бегство.

З.М. е лишен од слобода и се преземаат дополнителни мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.

The post Приведен криумчар на мигранти appeared first on 24info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK