Фудбалерите на Вердер Бремен и Баер Леверкузен ремизираа во Бремен 2:2 во последниот натпревар од саботната програма од осмото коло на германската Бундес лига.
„Фармацевтиците“ двапати водеа со головите на Виктор Бонифас во 30. минута и автоголот на Феликс Агу во 77. минута.
Но, домашните двапати се враќаа преку Марвин Дукш во 74. минута и Роман Шмид во 90. минута.
Баер е третопласиран со 15 бодови, пет помалку од лидерто Лајпциг, а Вердер е деветти со три бода помалку.
Во следното коло Вердер ќе гостува во Менхенгладбах, додека Баер ќе го пречека Штутгарт во дербито на деветтата рунда.
The post (Видео) Леверкузен во 90. минута ја испушти победата во Бремен appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде