октомври 27, 2024

Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР – Скопје, во петокот околу 20 часот на подрачјето на Карпош, привеле малолетник од скопско, постапувајќи по претходна пријава од Р.Т. , на возраст од 19 години од скопско.

Според пријавата, околу 19:35 часот на автобуска постојка на територија на Карпош, две лица го нападнале и му била нанесена повреда со остар предмет, информираат од Министерството за внатрешни работи.

„Кај малолетникот бил пронајден и одземен нож, извршен бил службен разговор во полициската станица – Карпош, во присуство на родител, при што малолетникот го појаснил начинот на извршување на кривичното дело“, појаснуваат од МВР.

По документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

The post МВР со детали за прободувањето на тинејџерот кај Сити Мол appeared first on 24info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK