октомври 27, 2024

Во последното седмо коло на Европскиот клупски куп, шахистите на Алкалоид го одиграа својот најдобар меч, и убедливо тријумфираа над францускиот Шартр со 5:1 за нова европска вицешампионска титула.

Арјун Еригаиси на првата табла ремизираше со легендарниот украински шахист Василиј Иванчук, со црни фигури беше и С.Л. Нарајан на петтата табла кој го подели поенот со Максим Лагард. На останатите четири табли беа извојувани убедливи победи: Веи Ји го совлада Маркандрија Маурици водејќи ги белите фигури на втората табла, а неговиот сонародник Јангји Ју со црните триумфираше против Лорен Фресине. На четвртата и шестата табла Читамбарам Аравинд со бели фигури освои цел поен против Даниел Дарда, додека Александар Инѓиќ го заокружи настапот со уште една победа, овојпат против Кристијан Бауер.

Триумфот во последното седмо коло им донесе два бода на играчите на Алкалоид, со што тие стигнаа до вкупно 12 бода. Турнирот го завршија со пет победи, два нерешени резултат.

Од поголемата група на екипи која имаше 10 бода по шесте одиграни кола, ниту една друга не успеа во финишот да оствари победа, СуперЧес беше поразен во дербито со Нови Бор, додека двобојот на Бајеган Пендик и Туркиш Ерлајнс заврши со нерешен резултат, исто како и оној на Тајфун против Сентименто Ајка.

На овој начин, Нови Бор стигна до третата европска титула со 13 бода, еден повеќе од Алкалоид.

За ШК Алкалоид ова е трет пат како е остварен пласман меѓу првите две екипи на Стариот континент, во 2016 година Алкалоид беше европски првак.

The post ШК Алкалоид е европски вицепрвак appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK