Вчера во 17.40 часот полициски службеници ги лишиле од слобода П.Л.(40), Т.Б.(42) и М.Ј.(32) сите од Свети Николе, по претходна пријава дека во с.Пуздерци, пробиштипско, во дворот на семејната куќа на Е.Е.(51), физички го нападнале, а при тоа употребиле и тврди предмети.
Дополнително му се заканувале, при што П.Л. извадил пиштол, за кој подоцна било констатирано дека бил пластичен.
Известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
The post Тројца светиниколци со пластичен пиштол му се заканувале на маж во двор на семејна куќа appeared first on 24info.mk.
Следете не, не има насекаде