декември 28, 2024

Лаутаро Мартинез, напаѓачот на Интер и на аргентинската репрезентација, е разочаран од седмото место во изборот за Златната топка за сезоната 2023/24. Пред него беа Родри, Винисиус, Белингем, Карвахал, Халанд и Мбапе.

„Немам на што да им завидувам на Халанд, Мбапе, Кејн и Левандовски. На нивното ниво сум. Разочаран сум само од седмото место и очекував повисок пласман по одличната сезона што ја имав“, изјави Лаутаро.

Во текот на 23/24 ја освои италијанската титула со Интер, а јужноамериканската титула со Аргентина, придонесувајќи за споменатите трофеи како најдобар стрелец и во натпреварувањата во Серија А и во Копа Америка.

На страната не Лаутаро е и неговиот капитен Лионел Меси: „Лаутаро ја заслужува Златната топка повеќе од било кој бидејќи имаше одлична сезона“.

Хавиер Занети, сонародникот на Мартинез и легенда на Интер, додаде: „Сите очекувавме тој да биде подобро пласиран, но така е со наградите. Тие не се секогаш фер. Лаутаро мора да остане смирен бидејќи освои многу и го заслужи признанието на сите оние што играат фудбал“.

The post Лаутаро: На нивото сум на Халанд и Мбапе, заслужив повеќе од седмо место во изборот за Златната топка appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK