Гром уби фудбалер во Перу. Хозе Луис де ла Круз Меса беше убиен од гром на средината на натпреварот.
Снимката набрзо се прошири, а содржината е крајно вознемирувачка.
Сè се случи на натпреварот помеѓу Хувентуд Белависта и Фамилија Чоко во градот Хуанкајо. Се наоѓа на надморска височина од три илјади метри и ударите од гром не се ретки.
Токму поради тоа судијата одлучи да го прекине натпреварот и да ги отстрани играчите од теренот. Сепак, тоа беше направено предоцна.
Кога тргнале кон соблекувалната, удрил гром, а седум играчи паднале на теренот. Еден е загинат како последица на удар на гром.
The post (Вознемирувачко видео) Гром уби фудбалер на средината на теренот во Перу, уште седум завршија на тревата appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде