ноември 15, 2024

Општина Центар доби шест фотоволтаични сообраќајни знаци на неколку стратешки локации со цел зголемување на јавната свест за поголема безбедност во сообраќајот. Фотоволтаичните сообраќајни знаци се поставени во близина на пет основни училишта „Јохан Хајнрих Песталоци”, „Кочо Рацин”, „Коле Неделковски”, „11 Октомври” и „Св. Кирил и Методиј”. Станува збор за донација од компанијата „ОКТА” во рамки на својата долгорочна општествено одговорна платформа „ЈАС ВНИМАВАМ”.

Во изјава за медиумите, градоначалникот на општина Центар Горан Герасимовски потенцираше дека соработката со ОКТА донесе вистински партнер во грижата за безбедноста во сообраќајот во Центар, а особено на безбедноста на најмладите.

„Нашата општина е комплетно урбана и предизвиците за малите пешаци се навистина големи и многубројни. Низ овие активности ОКТА го докажува својот позитивен однос кон заедницата, а ние ги повикуваме и другите компании да го следат нејзиниот пример. Упатувам голема благодарност до ОКТА за плодната соработка и информирам дека со нивна поддршка овој месец се организираат работилници за првачињата во нашата општина на тема „Правила за малите пешаци” со цел запознавање на основните правила за безбедно учество во сообраќајот”, рече Герасимовски.

Главниот извршен директор во ОКТА Димитриос Пасхос истакна дека е безбедноста на децата е од највисока важност во секое општество, а со поставувањето на фотоволтаични сообраќајни знаци во близина на основните училишта се придонесува за побезбедна средина не само за најмалите пешаци, туку и за сите учесници во сообраќајот.

„За создавање одржлива сообраќајна култура неопходно е континуирано и заедничко делување. Благодарни сме на посветената соработка со Општина Центар, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Министерството за внатрешни работи, чие учество беше клучно за реализација на овогодинешните активности и за постигнување на целите на платформата „Јас внимавам”, изјави директорот Пасхос.

The post Герасимовски: Центар доби шест фотоволтаични сообраќајни знаци за поголема безбедност, донација од ОКТА appeared first on 24info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK