Стефан Бајчетиќ ја разочара фудбалска Србија. Јасно стави до знаење дека сака да игра за Шпанија. Бајчетиќ е играч на Ливерпул, кој сезонава е на позајмица во Салцбург.
Во интервју за „Марк“а директно беше прашан за кого ќе игра. Бајчетиќ немаше ни трошка дилема.
„Роден сум во Шпанија, пораснав во Шпанија, моето семејство е од Шпанија и се чувствувам како Шпанец, многу сум горд што ја претставувам Шпанија“, изјави Бајчетиќ.
Таткото на Стефан е Срѓан Бајчетиќ, поранешен фудбалер на Војводина, Црвена звезда и Селта. Неговата мајка е Шапнка, а тој е роден во Виго.
The post Бајчетиќ: Јас сум Шпанец ќе играм за Шпанија appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде