Фудбалерите на Франција ја победија Италија на „Сан Сиро“ со 3:1 и го обезбедија првото место во Групата 2 во А дивизијата, во Лигата на нации. Во вториот натпревар Израел во Дебрецин ја победи Белгија со 1:0, но и покрај триумфот испадна во Б дивизијата.
Овој циклус во Лигата на нации Франција и Италија го завршија со ист број на победи, двата тима во меѓусебните дуели славеа како гости со 3:1, а Французите благодарение на гол-разликата го освоија првото место.
Во триумфот на Франција во Милано блескаа левиот бек Лука Дињ и играчот од средниот ред Адриен Рабио.
Французите во втората минута поведоа со 1:0, погоди Рабио на асистенција на Дињ. Водството го зголемија во 33. минута, кога Дињ изведе совршен слободен удар, топката од гредата се одби од грбот на голманот Викарио и заврши во голот.
Само две минути подоцна Андреа Камбијасо на асистенција на Федерико Димарко ја намали негативата на Италија на 2:1.
Стрелецот на првиот гол Адриен Рабиот го постави конечниот резултат, а Лука Дињ повторно беше во улога на асистент во 65.минута.
Покрај Франција и Италија, во иста група се и Белгија и Израел, а нивниот натпревар заврши со победа на Израелците од 1:0.
Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Жарден Шуа во 86. минута.
The post (Видео) Рабио и Дињ за француска победа во Милано и прво место во групата appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде