Поради модерниот начин на живот, каде поголемиот дел од денот се поминува седејќи на работа или одморајќи од неа, повеќе од кога било потребна ни е физичка активност и едноставна дополнителна мобилност.
Не, не мора да вклучува одење во теретана или групен тренинг за да се испотите и да кажете „Денес направив нешто добро“. За да ги придвижите сите мускули и да ги активирате, потребни се само две вежби и можете да ги правите во топлината на вашиот дом.
Треба да стоите со нозете споени, со рацете испружени пред градите, во висина на рамената. Поместете ја десната нога на страна и „отворете ги рацете“, односно повлечете ги на страна за да останат во висина на рамената. Вратете ја десната нога во првобитната положба и повторете со левата.
Во втората вежба заземете ја истата положба, но со рацете до телото. Нозете го имаат истото движење како и во претходната вежба, додека рацете сега се кренати над главата, цело време исправени.
Доволно е да ги практикувате пет минути дневно за да видите резултати за кратко време. Без скокање и трчање, ќе правите кардио вежби и истовремено ќе го обликувате вашето тело.
The post (Видео) Две вежби за активирање на сите мускули: 5 минути дневно се доволни за обликуваното тело од вашите соништа appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде