ноември 18, 2024

Фудбалерот на Тотенхем, Родриго Бентакур е суспендиран на седум натпревари и казнет со 100.000 фунти поради изјавата дека „сите Јужнокорејци изгледаат исто“.

Во интервјуто што го даде за уругвајската телевизија во јули, Бентакур рече дека сите луѓе од Јужна Кореја изгледаат исто.

За тоа сега стигна казната што му ја изрече Фудбалската асоцијација на Бентакур Водителот на емисијата го праша Бентакур дали може да му го набави дресот на Хјеон Сон Мин, на што стигна одговорот:

„На Сони? Може да е братучед на Сони, сите изгледаат исто“.

Околу таа изјава започна цела лавина, но Сон по неколку дена на социјалните мрежи напиша дека го прифатил извинувањето на Бентакур и дека е сигурен дека никогаш намерно нема да каже нешто навредливо.

Дали имал намера или не, тоа не го интересирало Фудбалскиот сојуз. За прекршување на забраната за навредлив говор, Бентакур е казнет со суспензија од седум натпревари, што Тотенхем сигурно ќе се жали.

Жалбата не ја одложува казната, но казната не важи за натпреварите кои ги игра Тотенхем во Европа.

Бентакур оваа сезона одигра 15 натпревари за Спарс во сите натпреварувања.

Share

The post Бентакур суспендиран на седум натпревари за изјавата дека „сите Јужнокорејци изгледаат исто“ appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK