ноември 22, 2024

Пред канцелариите на Град Скопје попладнево се одржува протест поради состојбата со јавниот превоз и недостиг на автобуси во главниот град.

Во Скопје два дена не сообраќаа автобуси поради тоа што ЈСП Скопје немаше нафта. Возеа само триесетина автобуси од кои 25 возат на гас. Состојбата се надмината откако Владата донесе одлука на ЈСП да му се даде нафта за седум дена од државните резерви.

Пред Град Скопје своето незадоволство го искажуваат жители на Шуто Оризари, организирани од градоначалникот Курто Дудуш, Сојузот на средношколци на Република Северна Македонија, а со барање за нормализирање на јавниот превоз излегоа и студентите од УКИМ.

The post Протест поради проблемите со автобускиот превоз во Скопје appeared first on 24info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK