ноември 22, 2024

По долго боледување, почина новинарката Валентина Марјановиќ која целиот работен век го помина во весникот „Вечер“.

Нејзините колеги ја соопштија тажната вест.

Си замина нашата драга колешка, истакната новинарка, посветен и врвен професионалец, препознатливо име во весникот ВЕЧЕР, во кој го помина целиот работен век. Се бореше храбро до последен здив, беше пример за јака волја, силна верба и позитива, за борба и одлучност за живот и победа над подмолната болест. Но, за жал, последната битка не успеа да ја извојува. Нејзината посветеност и визионерски дух ќе останат трајна инспирација на сите нас“, велат во последниот поздрав колегите од редакцијата на „Вечер“.

Марјановиќ беше дел од весникот „Вечер“ од самите почетоци на својот работен век во 1997 година. Читателите ја препознаваа по нејзиниот стил на пишување во повеќе рубрики, Скопска, Црна хроника и Економија. Последната деценија беше уредник на Економија, а обработуваше и теми од здравството. За својата работа беше добитник на многу награди и признанија.

„Валентина беше почитувана како голем професионалец и уште поголем пријател. Ќе ни недостасува нејзината блага насмевка и секогаш добар збор, совет. Изгубивме посебен човек, блескава душа каква ретко се раѓа. Вале, секогаш ќе останеш во нашите срца“, велат нејзините колеги.

The post Почина Валентина Марјановиќ, новинар и уредник од „Вечер“ appeared first on 24info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK