ноември 23, 2024

На 22.11.2024 околу 20 часот на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија- Куманово и Мобилната единица за компензаторни мерки го лишиле од слобода Ф.Ш.(26) од Косово, затоа што при извршен преглед на патничко возило „голф 7“ со косовски национални ознаки, кое тој го управувал, биле пронајдени седум лица-мигранти, од кои три од Индија, две од Пакистан и по едно од Непал и Бангладеш.

Известен бил јавен обвинител, мигрантите биле пренесени во Транзитниот центар-Табановце и Прифатниот центар за странци-Скопје и по целосно документирање на случајот, против Ф.Ш. ќе следува соодветен поднесок.

The post Приведен 26-годишен криумчар од Косово, пронајдени седум мигранти appeared first on 24info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK