ноември 25, 2024

Во групата на ФБ „ Во одбрана на Буњаковец“ е објавен апек до надлежните за да ги заштитат од агресивно црно куче , кое веќе напаѓало граѓани.

На барање на сограѓаните, апелираме до надлежните да се погрижат за црното куче што држи територија на улица „Владимир Полежиновски“ пред број 23А – карши аптеката „Бета Фармација“ и КСЦ, во близина на ДОЛАП.

Кучето е крволочно и веќе има нападнато неколку луѓе, кои ни испратија фотографии од касањата.

Дали треба да чекаме истото да го направи на некое бебе или мало дете, кое можеби и нема да преживее?

По нападите е пријавено во Министерство за внатрешни работи / Мinistria e Punëve të Brendshme и во ЈП ЛАЈКА – Скопје и никому ништо. Од Лајка наводно рекле дека не може да ја најдат адресата.

Апелираме до Град Скопје како одговорни за кучињата и исплаќачи на оштета – ако нападнатите преживеат.

Апелирамр и до Општина Центар – Скопје, ЈП Паркинзи на Општина Центар, градоначалникот Горан Герасимовски, подобро да спречите отколку да се лечи.

Токму вашите деца може да поминуваат од овде! Ќе оставите да бидат искасани!?

Кучето го хранат комшиите од 23А кои го сметаат за мирно. Не им е гајле што повремено „здивува“ и напаѓа минувачи од грб или заканувачки им се испречува.

Посебно е опасно ноќе, оти кучето пoвремено лежи и на тротоар, на коловоз или до паркираните коли, па може минувачите буквално да го нагазат во темницата.“, пишува во објавата на ФБ.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK