ноември 25, 2024

Пет експлозивни тела од непознато потекло се откриени при изведување на градежни работи во близина на Основен суд Гостивар.

Очеведци за МИА потврдија дека утрово околу 9 часот, при копање на канал за одводување на улицата „Живко Брајковски“ спроти судската зграда, машина за ископ на земја на длабина од половина метар извлекла метални тела, за кои се претпоставува дека се боеви гранати. Во моментов полициски службеници го обезбедуваат местото и се очекува увид.

Неофицијално, се работи за артилерски гранати кои најверојатно потекнуваат од времето на Втората светска војна.

The post Најдени пет гранати при ископ на канал пред Основен суд Гостивар appeared first on 24info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK