ноември 25, 2024

Во текот на изминатиот викенд, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа приближно 60 кубни метри отпад од неколку диви депонии лоцирани во скопските општини Ѓорче Петров, Карпош и Чаир.

ЈП Комунална хигиена-Скопје започна со отстранување на обемна дивна депонија лоцирана на улицата Лука Геров во општината Ѓорче Петров. Депонијата е составена од  мешан комунален, кабаст и градежен отпад, а екипите на Претпријатието и во текот на денешниот ден ќе ги продолжат активностите за целосно расчистување на непрописно одложениот отпад.

Во општината Карпош се подигнати околу седум кубни метри градежен отпад одложен на јавна површина на улицата Прашка.

ЈП Комунална хигиена-Скопје викендов интервенираше и во скопската општина Чаир, каде што се отстранети повеќе диви депонии лоцирани на улиците Вуковарска и Џон Кенеди, во непосредна близина на детската градинка „Снежана“ и ООУ „Васил Главинов“ .

The post За време на викендот во Скопје отстранети 60 кубни метри отпад appeared first on 24info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK