ноември 26, 2024

Манчестер сити е во историски лоша серија од пет порази во сите натпреварувања, најлоша во кариерата на Пеп Гвардиола, но тоа не е единствениот проблем со кој треба да се справат челниците на англискиот шампион. Имено, многу е веројатно најголемата ѕвезда на клубот, Кевин де Брујне, на крајот од сезоната бесплатно да го напушти клубот.

Белгиецот влезе во последната година од договорот, се уште нема вести за можно продолжување, а самиот фудбалер стави до знаење дека не е ни блиску до договор.

„Знам дека луѓето ќе ме прашаат за тоа, но не сум загрижен. Среќен сум и сакам само да играм добар фудбал. Не брзам и се чувствувам добро. Или ќе се договориме или ова ќе биде мојата последна година во Манчестер, не сум загрижен“, изјави Де Брујне на прес-конференцијата пред натпреварот со Феенорд во Лигата на шампионите.

Да потсетиме, Де Брујне пристигна во Манчестер сити во 2015 година и оттогаш се трансформира во еден од најдобрите играчи од средниот ред во историјата и играч кој го предводеше тимот до бројни успеси на теренот.

Share

The post Де Брујне: Или ќе се договориме или ова е мојата последна сезона во Сити appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK