Жена на возраст од 61 година го родила своето прво бебе на Клинката за гинекологија во Скопје
Директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство, Ирена Алексиовска Папестиев ќе даде изјава за медиумите по повод раѓањето на бебе од највозрасната мајка во државата – 61 годишна проворотка.
Вакви случаи во светот се ретки, а кај нас уште поретки. Но, со развојот на медицината и се почестата употреба на ин витро техниката, не се невозможни.
Желбата на жената да стане мајка отсекогаш била голема. Некои не се откажуваат од својата намера и на таа возрас. На оваа жена очигледно и успеало да го износи своето бебе, а сега во прегратки ќе го држи својот најголем дар.
Од регионот, позната е приказната за Атифа од Нови Пазар, Србија, која својата ќерка ја роди на возраст од 65 години пред седум години. Нејзината ќерка годинава стана прваче.
Следете не, не има насекаде