Арда Гулер не игра многу од почеткот на сезоната, но Реал Мадрид нема намера да се откаже од неговите услуги.
Инсајдерот Фабрицио Романо денеска откри дека Реал Мадрид добил две понуди за Гулер, но дека и двете ги одбил со јасна порака дека Турчинот по никоја цена нема да го напушти клубот.
Гулер пристигна во Реал Мадрид како залог за иднината во летото 2023 година за 20 милиони евра. Оваа сезона одигра 13 натпревари, но најмногу од клупата, бидејќи на теренот мина само 382 минути.
Сепак, Гулер има само 19 години и му претстои блескава иднина, потврди Фабрицио Романо, кој не ги именуваше клубовите кои испратиле понуди за Гулер.
Имаше и шпекулации дека Арсенал сака да го донесе на позајмица во јануари, а потоа да го откупи неговиот договор. Нешто слично во минатото Арсенал направи со Мартин Едегор, но Реал со Гулер има поинакви планови.
The post Реал одбил две понуди за Арда Гулер appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде