Во светот на медицината повеќе не постојат граници и македонската медицина може да се мери со онаа во светот, изјави пред новинарите директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство, Ирена Алексиоска-Папестиев, по повод раѓањето бебе од највозрасната мајка во државата – 61-годишна проворотка.
Бебето се вика Петар, а 61-годишната мајка останала бремена со сопствена јајце-клетка, која била замрзната.
Жената е породена со ин витро процедура, бременоста ѝ била следена во Македонија, а раѓањето е завршено на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство, изјави директорката.
Петар е тежок 2 килограма и 350 грама и долг 48 сантиметри.
Алексиоска-Папестиев изјави дека пациентката претходно имала три интервенции, од кои две во Белград, а една на ГАК.
Taa е во брак 37 години и сиве овие години се обидувала да забремени. Имала 10 неуспешни ин-витра и 10 спонтани абортуси, меѓутоа не се откажала.
Во текот на бременоста, која била контролирана, имала висок притисок и шеќерна болест, но сè поминало во најдобар ред.
The post Не изгубила надеж: По 10 спонтани абортуси и 37 години брак без дете, 61-годишната Македонка го роди Петар appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде