ноември 26, 2024

Познатиот Грк Василис Спанулис е нов тренер на Монако, соопштија од клубот.

Монако е без тренер од 18 ноември кога беше отпуштен Саша Обрадовиќ.

Спанулис, еден од најдобрите играчи во Евролигата, ја заврши кариерата во 2021 година.

Само една година подоцна влезе во тренерските води преземајќи го Перистери, по што седна на клупата на грчката репрезентација.

Тој потпиша договор со Монако до 2026 година, со опција за продолжување на соработката на уште една сезона.

Легендата на Евролигата и трикратен МВП на фајналфорот како играч, на клупата на Монако ќе дебитира веќе в петок, против Панатинаикос.

Share

The post Монако ја претстави замената за Обрадовиќ appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK