ноември 27, 2024

Фудбалерите на Баерн, во Минхен го победија Пари Сен Жермен (1:0) во петтото коло од Лигата на шампионите. Пред почетокот на натпреварот на мета на домашните навивачи беше претседателот на „светците“, Насер Ал-Келаифи.

Навивачите на Баерн на една од трибините истакнаа транспарент со порака:

„Министер, сопственик на клуб, сопственик на ТВ права, член на извршниот комитет на УЕФА, директор на Европската клупска асоцијација сè во едно?“, пишуваше на еден транспарент.

На вториот истакнаа уште една порака:

„Фудбал, тоа сум јас? Е.и се плутократо Ал-Келаифи“.

Арапскиот милијардер на чело на ПСЖ, исто како и сопствениците на Манчестер сити и некои други новоформирани богати клубови, не се по вкусот на навивачите на клубовите со голема традиција.

Share

The post Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ: Плутократо е.и се appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK