ноември 27, 2024

Фото/ macedoniahandball.com.mk

Европското првенство во ракомет за жени почнува утре во Унгарија, Австрија и Швајцарија, Македонија утре од 20.30 часот во Дебрецен против репрезентацијата на Шведска ќе го одигра првиот натпревар во Групата А.

На овогодинешното Европско првенство, кое ќе трае до 15 декември, за првпат ќе учествуваат 24 репрезентации.

Македонските ракометарки покрај Шведска во Групата А за противнички ги имаат домаќинот Унгарија и Турција. Овие две селекции, утре од 18 часот ќе го одиграат својот натпревар.

Во Дебрецен се игра и Б групата, во која се Црна Гора, Романија, Србија и Чешка. Во
групата Ц (Базел) ќе играат Франција, Шпанија, Полска и Португалија, а во групата Д (Базел) Данска, Швајцарија, Хрватска и Фарските Острови.

Во групата Е (Инсбрук) ќе бидат Норвешка, Австрија, Словенија и Словачка, додека во групата Ф (Инсбрук) ќе се натпреваруваат Холандија, Германија, Исланд и Украина. П

Пласман во втората фаза на ЕП ќе обезбедатт двете најдобро пласирани селекции од секоја група. Втората фаза на ЕП ќе се игра во Дебрецен и Виена.

Титулата на континенталниот шампионат ја брани селекцијата на Норвешка која пред две години во финалето на ЕП ја совлада Данска со 27:25.

Share

The post Македонија против Шведска утре игра на ЕП appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK